Колку добар термин „блокирање“ на Собрание кога сте нефункционален, значи прво имаме целосен хаотичен премиер на оваа држава, односно претседател на Влада Зоран Заев, кој што во целосен хаос кој ја доведе државата, хаосот од извршната власт успеа да го прелее и внатре во Собранието, односно во неговото мнозинство. Во владејачкото мнозинство има и некои превирања, и се на се имаме целосно нефункционално Собрание, истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при гостување во радио „Лидер“.
Лефков додаде дека сега наместо да се користи терминот „нефункционално“ Собрание, власта обвинува дека опозицијата го блокира Собранието.
На кој начин опозицијата го блокира Собранието? За петтиот пакет на мерки? За она што излезе сега во јавноста дека петтиот пакет мерки бил блокиран поради опозицијата? Кога излезе петтиот пакет на мерки? Тој пакет на мерки излезе на 16.02.2021 на седница на Влада, самата Влада ги донесува односно ги предлага т.н. петти пакет на мерки за економска поддршка. Истиот ден на 16.02.2021, а особено наредниот ден на 17.02.2021 сите медиуми, граѓаните можеа да ги прочитаат тие фамозни 29 мерки. Ние излеговме со дополнителна констатација дека најважна е 30-тата мерка, а тоа е борба против КОВИД, односно целосна имунизација. Предлогот од 16.02.2021 кој што помина на седница на Влада стигна во Собрание на 19.02.2021. За три дена стигна во Собрание предлогот за петти пакет на мерки. Ние ги добивме материјалите на 22.02.2021. Меѓутоа од моментот кога стигаат во Собрание буквално одговорноста е на спикерот и на мнозинството. Зошто не се донесоа тогаш законите, запраша Лефков.
Лефков посочи дека на 03.03.2021 владејачкото мнозинство имаше кворум и наместо да се излага петтиот пакет на мерки за доброто на граѓаните, тогаш Заев ги примора неговите пратеници да му гласаат доверба.
Зошто Заев го искористи членот 217 од Деловникот и постави прашање за доверба на Влада без право за дискусија? Значи по тој член без право на дискусија, нагласи Лефков.
Comments are closed for this post.