Во СВР Струмица, вчера Б.Д. (61) од Село Баница пријавила кривични дела „измама” и „лажно претставување”. Според пријавеното, во 2015 година била измамена за 26.900 евра од К.Л. (31) од Скопје, кој престојувал во Струмица, а кој и се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна близина на село Баница, Струмица.

До денот на пријавувањето, како што информираат од МВР, К.Л. не и обезбедил земјоделско земјиште,а од парите и вратил само 3000 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.