Охрид и неговата околина се во сериозна опасност да се најдат на листата на светско културно наследство во опасност, во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан, затоа што власта на чело со СДСМ, ниту сака, ниту има капацитет да го реши проблемот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна пратеничката Ане Лашкоска во прес-центарот на Собранието, наместо надлежните институции веднаш да почнат со решавање на проблемот со дивоградбите, владата предлага нов предлог-закон со кој купува време и бега од одговорност.
Лашкоска додаде дека Владата, општините и сите надлежни институции можеле и требало досега да донесат одлука за рушење на дивоградбите и без овој нов закон, односно со веќе постоечкиот закон, но наместо тоа се одлучиле за купување на време преку предлагање на новиот предлог-закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи овој закон бидејќи е скандалозен. Со предложеното законско решеније единствено се префрла одговорноста на новиот Совет кој што треба да одлучува со бадентер што е спортивно на Уставот.
Неспособната Влада на СДСМ го користи овој закон како изговор, само за да не воведе моратриум за градење. Од овој закон не зависи ниту една од мерките што УНЕСКО ги бара и кои треба итно и без одлагање да се спроведат.
Очигледно власта нема капацитет да се справи со проблемот со кој се соочува Охрид. За потсетување власта не ги спроведе ниту препораките од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година.
Од вкупно 19 заклучоци на Владата донесени во 2017 година за две години беа спроведени само 3 заклучоци што како обврски беа дадени на Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебарца и другите надлежни институции.
Едно од ветувањата на Власта, воедно и препорака на УНЕСКО, беше дека во најскоро време ќе се направи попис на дивоградбите и нивно рушење. Но, се покажа дека бизнис интересите се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид.
На ваквите обвинувања од Лашкоска, веднаш одговорија од СДСМ, од каде што потенцираа дека е лицемерие од ВМРО-Дпмне да зборуваат за Охрид, по тоа што му го направиле на градот и Охридскиот регион во минатото.
Од СДСМ велат дека сосотојбата во која денес се наоѓа културното и природното богатство на Охрид е директна последица од неодговорното и криминално децениско владеење на ВМРО-ДПММНЕ.
Во партиското соопштение се додава дека Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО и дека сите надлежни институции ќе сторат се за да се спроведат препораките на УНЕСКО, а богаството на Охрид, Охрискиот регион и Охридското да не биде загрозено.
Јавноста многу добро знае дека токму Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ целосно му го смени ликот на Плаошник со огромното бетонско издание на Светиклиментовиот универзитет.
Токму ВМРО-ДПМНЕ планираше да гради аеродром на вода и ски-жичарница на Галичица и носеше белосветски измамници како Субрата Рој кој сакаше да гради ресорти и скапи хотели на брегот на Езерото.
Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата во чие владеење се дозволи илегалните градби во заштитениот појас да бидат легализирани за само едно евро за метар квадратен.
Неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ речиси го превртеа Охрид наопаку и затоа денес опозициската партија нема минимум кредиблитет да зборува за Охрид и Охрискиот регион.
Comments are closed for this post.