Ларис Гаисер, новинарот од Словенија кој на италијанскиот медиум „Ла верита“ објави снимки за аферата „Рекет“ за Пресинг ТВ најавува „завршен удар“.
Што значи попрецизно тоа, Гаисер не ни кажа.
„Преслушував многу важен материјал за аферата „Рекет“, има многу интересни докази, јас сум сигурен во нивната автентичност. Тие ќе предизвикаат големи реакции. Но, дали наскоро ќе ги објавам, најпрвин морам да бидам сигурен дека моите извори се безбедни“, вели Гаисер.
Според неговата најава многу е веројатно наредната недела да се објават нови материјали кои би ја докажале поврзаноста на високи претставници на власта во аферата „Рекет“. Има индиции дека новите материјали би биле поврзани со случувања во здравствениот сектор, а нешто такво претходно објави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ при што таа зборува за таканаречено „трио Заев-Филипче-Дончев“.
ПресингТВ дознава дека за аферата „Рекет“, односно за корупцијата во високите кругови на власта, се заинтересирале и други западни медиуми. Извор на Пресинг ТВ вели дека „најмалку еден германски весник е заинтересиран да ги објави материјалите за аферата“. На прашањето дали можеби е тоа весникот кој ја објави аферата со албанскиот премиер Еди Рама, нашиот извор ни потврди, ниту, пак, демантираше.
Comments are closed for this post.