Новата социјална реформа, што веќе ја усвои Собранието, суштински ја преобразува социјалната и детската заштита, создаваме вистински систем за извлекување од сиромаштија, истакна Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.
Со социјалната реформа, за 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток.Детскиот додаток кој го користеа 3.200 деца сега, со оваа реформа ќе го користат 73.500 деца.Пристап до образовниот додаток наместо 3.800 дечиња, отсега ќе имаат 64.136 деца.Тоа значи помош за околу 140 илјади деца, вели таа.
Со усвојувањето на пакeтот закони, правиме целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита, воведуваме социјална правда што е основа за градење на фер и праведно општество кое нуди еднакви можности за сите, вели Кузмановска.
Comments are closed for this post.