Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) смета дека францускиот документ главно ги истакнува флоскулите кои и Макрон и другите француски претставници ги употребуваа за време на ЕУ Самитот и околу него, особено реверзибилноста на процесот, односно да може и веќе затворени поглавја (или како веќе ќе се викаат во новиот систем) повторно да се отвораат ако земјата покажува влошување на состојбите.
– Самото тоа не мора да значи успорување на процесот (јас и сега сметам дека сме во многу области пред земјите кои веќе преговараат – Србија и Црна Гора; а во некои и пред последните примени членки, Хрватска, Бугарија и Романија), но принципот за „фазен прием“ најверојатно ќе го успори, а со паралелното реформирање на ЕУ, можеби и ќе нема како да се стигне до полноправно членство додека да дојде време за тоа (ако ЕУ се договори за системот “Европа во две (или три) брзини“), вели Кржаловски.
Comments are closed for this post.