Полигонот Криволак  за кого  американскиот сенатор Џејмс Риш нагласи дека најголемата придобивка од членството на Македонија во НАТО е еден од најголемите вежбалишта во овој дел на Балканот.

Пуштен е во употреба во 1969 година а го правела ЈНА. Има површина од 22.564 хектари, односно 22 километри  во правец север-југ и 18 километри исток-запад.

Може да ги симулира сите временски услови, шума, ридови а во близина е и реката Вардар. Може да вежба пешадија, оклопни единици како и авијација.Климата е континентална но со топли лета и ладни зими.