По поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“, ќе се трага и со меѓународна потерница.
Потерницата ја распиша Кривичниот суд на барање на МВР.
Заради интерес на медиумите во однос меѓународната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, претпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода.
Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решени за согласност за распишување меѓународан потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот, информираат од Кривичниот суд.
Comments are closed for this post.