СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К. (34) од Штип поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информира МВР, вчера во 11.40 часот полициски службеници извршиле  претрес во домот на пријавениот и пронашле 460 грама марихуана и таблети – екстази.