Директорот на ЈП Службен весник Мартин Костовски вели дека не се чувствува одговорен што се објави Законот за употреба на јазиците во Службен весник, кој не беше потпишан од претседателот Ѓорѓе Иванов, туку доцна синоќа го потпиша претседателот на Собранието Талат Џафери.

Toj во телефонска изјава за порталот Лидер најавил дека наскоро ќе има соопштение од Службен весник.

Иванов го прекрши Уставот со непотпишувањето, а не јас. Токму затоа не чувствувам никаква одговорност. Ние со фуснота дополнивме зошто законот беше објавен со потипис од Талат Џафери, рекол Костовски

Од опозицијата го предупредија директорот Костовски дека објавувањето на законот за јазици, без потпис од претседателот, во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани.