Обвинителството отворило истрага против обвинителот Бурим Рустеми, дознава „Република“. Истрагата е поврзана со случајот „Рекет 2“ , односно „Меѓународен сојуз“ каде има СМС пораки во кои Адријан Амзоски ден пред повлекувањето на обвинението против него и против неговиот зет Фијан Цаноски за градбата на „Космос“ му се заблагодарува  на Бојан Јовановски а потоа истиот Адран Амзоски му исплатил 750.000 во неколку наврати на Боки 13.

Адвокатот Мерџан Даути денеска  побара иземање на Рустеми и тој да биде отстанет од случајот „ТНТ“ до завршувањето на истрагата против него.

Барањето е доставено до Обвинителството и Кривичниот суд. Во  поднесокот, се посочува и дека судијата Огнен Ставрев постапува по желбите на Рустеми и ги прифаќа само доказите
кои обвинителот ги смета за важни.

Дека на судот многу му се брза што поскоро да има пресуда за „ТНТ“  покажува и тоа што за првпат се случува две вешти лица да сведочат во исто време.