Специјалното јавно обвинителство има индиции за тоа како се случувале кумановските настани, но нема разговори за тоа, изјави првиот човек на СЈО, Катица Јанева одговарајќи н новинарско прашање.

Со оглед на тоа дека  сѐ уште нема „бомби“ за случувањата во кумановско Диво насеље од кои утре се навршуваат четири години, Јанева нагласи дека не се знае дали и кога, односно дали и воопшто ова Обвинителство ќе може да воспостави надлежност врз овој предмет.

Имаме индиции за тоа што и како се случувало со кумановските настани, но немаме најдено разговори за да може да воспоставиме надлежност над овој предмет. Предистражна постапка има, но ќе биде многу тешко да се воспостави надлежност. Прашањето е дали и воопшто СЈО ќе може да го преземе овој предмет, вели Јанева.

Овој предмет, за кој Основниот суд Скопје 1 донесе пресуди со високи затворски казни се наоѓа во жалбена постапка и се чека Апелацискиот суд во Скопје да закаже јавна седница.