„И денеска сме во општина Македонска Каменица во посета на населените места Цера и Косевица, овде сме така речено како во Швајцарија. Меѓутоа општо заклучокот кај граѓаните е дека постои голема разочараност од власта на ДУИ и нивните слуги од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од средбата со граѓаните при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „Ова е Македонија за сите“.
Ковачки додаде дека криминалците од власта граѓаните ги доведе до беда и сиромаштија.
Парите ја изгубија својата вредност, а задолжувањето на Македонија и на македонските граѓани е највисоко во историјата. тие пари ќе треба да ги враќаат идните генерации, односно идните Македонци, Албанци, Турци, Роми, итн. Се додека е оваа структура на власт од ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз Македонија ќе тоне и ќе губи, заклучи Ковачки.
Тој посочи дека Македонија со оваа власт ќе го губи достоинството, ќе го губи идентитетот, ќе ја губи економската стабилност, и ќе го губи просперитетот односно ќе го губи и народот.
Токму затоа на Македонија и се потребни промени, да дојдат лица кои што имаат визија, кои што имаат капацитет и одлучност да се справат со овие криминалци, овие неранимајковци на власт и да ги пратат на обвинителни клупи, а Македонија да ја одведат таму каде што заслужува, а тоа е во ЕУ“, порача Ковачки.
Comments are closed for this post.