Министерството за образование и наука (МОН) ќе ѝ предложи на Владата на Македониија итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои што во голема мерка се потхрануваат од одредени социјални мрежи како ТикТок, а со цел да се намалат можните ризици и закани за безбедноста на наставниците во училишната средина.

Ова е поттикнато од случувањата во соседна Србија каде што 13-годишно дете уби девет лица, од кои осум соученици во белградската населба Врачар.

Имајќи предвид дека истите не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.

Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот.

Исто така веќе во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици, изјави министерот Јетон Шаќири