Новиот директор на АНБ Зарко Милошевски, кој дал потпис за доделување на македонско државјанство за Онишченко, е дел од луѓето на Миле Зечевиќ, изјави на денешната прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, дали истиот е и дел од планот на Артан Груби и Миле Зечевиќ за давање на 20-тина македонски државјанства на лица од Сингапур, Хонг Конг, Тајван и други држави од Далечниот Исток преку Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово? Според планот на Зечевиќ и Артан Груби, во Македонија постои можност државата да додели државјанство на странски лица поради постоење на посебен економски интерес од истите во вид на инвестиција вредна над 400.000 евра. Врз основа на вакви инвестиции Милошевски треба да потпише над 20-тина државјанства на луѓето од Далечниот Исток, а правен застапник на истите да биде адвокатската канцеларија на Миле Зечевиќ – вели Ковачки.
Според него, државјанствата на луѓето од Далечниот Исток ќе бидат исплатени.
Тука се поставува прашањето дали во форма на адвокатски услуги ќе се плаќа провизијата за услугите пружени од АНБ и дали низ вака разработена шема треба да се одглават и над 3.000 барања за македонско државјанство кои стојат во фиока, а за кои алармираат структурите на ДУИ? Па од тука јасно е зошто за Зарко Милошевски постои консензус меѓу СДС и ДУИ. Наместо безбедносните служби да бидат во функција на безбедноста на државата, СДС и ДУИ ги упропастија и истите ги користат за свое лично богатење – истакна Ковачки.
Comments are closed for this post.