Лидерската средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и нивните тимови ќе се одржи во наредните денови.
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител вечерва ги повтори веќе најавените теми за разговор од негова страна.
Ќе повикам на лидерска средба и тоа темите ќе бидат како што ги кажав одлуките коишто треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година како и тема во однос на односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции. Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата, рече Ковачевски.
Comments are closed for this post.