Премиерот на нашата земја Димитар Ковачевски засега нема да му ја честита победата на старо-новиот премиер на Унгарија Виктор Орбан.
На прашањето на „Република“ дали му ја честита победата не добивме одговор по што бевме принудени повторно да го поставиме истото прашање и конечно добивме одговор од Владата.
Согласно дипломатскиот протокол денот кога новоизбраниот функционер го почнува формално мандатот премиерот испраќа честитка-велат од Владата.
Премиерот на Унгарија воопшто не е новоизбран функционер туку го почнува четвриот мандат откако во неделата однесе убедлива победа.
Слично однесување имаше и шефот на државата Стево Пендаровски.И тој јавно не ја објави честитката кон неговиот српски колега Александар Вучиќ. Од неговиот Кабинет само кратко одговорија дека му честитал без да објаснат дали тоа го направил приватно или од позиција на претседател.
Comments are closed for this post.