Премиерот Димитар Ковачевски вечерва најави дека утре во Атина на неформалната средба што ја организира грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за лидерите од Западен Балкан, ќе има формален состанок со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.
– Претседателката на ЕК од прва рака ќе може да се информира од мене за текот на уставните измени, иако таа веќе ги има сите информации, и пред одржувањето на седницата во однос на поднесувањето, дека процесот започна, дека започна со 73 гласа за изгласување на дневниот ред во однос на уставните амандмани, и оти стана многу јасно дека СДСМ и Коалицијата, европската коалицја, се за продолжување на европската интеграција на Северна Македонија, меѓутоа дека опозицијата повторно, како што било и во минатото, е за блокада на патот на Северна Македонија во европските интеграци, исто како ш-то беше и против залченувањето на Северна Македонија и во НАТО, рече Ковачевски во гостувањето во Тема на денот на ТВ Сител.
Comments are closed for this post.