Како и секогаш така и овојпат премиерот Димитар Ковачевски нема забелешки на однесувањето на своите коалициски партнери ДУИ.
Нема да одиме многу назад, доволно е да се потсетиме на неколку последни случаи кога Ковачевски аминувал однесување што е за осуда и критика.
На Димитар Ковачевски не само што не му пречеше што Али Ахмети ги прогласи медиумите за непријатели на Албанците, туку да не остане покусо, и тој залеа масло на огнот.
Немаше коментар ниту на однесувањето на Крешник Бектеши, повторно кон медиумите.
Не го интересираше ниту кој му ја платил сметката од 20.000 евра по ноќевање на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ Назим Буши во турски хотел.
Не го интересираше и како УЧК доби 20-метарски бетонски споменик во Слупчане. Гајлето било на општината. Ковачевски отиде и чекор подалеку во позитивноста, што рече дека и обележјата треба да бидат школо дека треба да градиме држава која што нуди еднакви можности за сите граѓани, НО! и да не заборавиме дека сме мултикултурно, мултиетничко, мултиконфесионално општество.
Денес, не му пречи ни што министрите од ДИ играат фудбал во канцелариите на Артан Груби.
Спортски реквизити во канцеларија на премиер не се новост, јас немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија. Дали мене ми пречи или не е ирелевантно, бидејќи доколку јас сакам да го организирам просторот во канцеларијата во која работам на начин на кој сакам, тогаш ќе го организирам. Начинот на кој го организира просторот во својата канцеларија друг човек, е прашање за него, изјави Ковачевски.
Но, вчерашната изјава на Ковачевски е особено важна во неговата политичка кариера. Таа им дава смисла на обвинувањата на опозицијата, но и на поранешните коалициски партнери на СДСМ во власта, дека Ковачевски е никој и ништо седнат во скутот на великиот Али.
Токму со оваа изјава Ковачевски доаѓа до вистината. До целта на своето политичко постоење. Ирелевантно е дали нему му се допаѓа или не, ирелевантно е дали Ковачевски мисли или воопшто не мисли. И така конците на власта не се во неговите раце. Единствено што му останува е да клима со главата додека го тапаат по рамото и му намигнуваат палавите деца на Али.
Comments are closed for this post.