Бугарскиот пратеник во ЕП Андреј Ковачев реагира на текст објаевен во „Република“ за конференцијата која се одржа во Брисел по повод Меѓународниот ден на Холокаустот.
На Ковачев не му се допадна пишувањето на „Република“ дека Бугарија не ги спасила Евреите туку помогнала да ги пратат во логорот Треблинка.
Дека нашите пишувања се точни потврдува и самиот Ковачев во реакцијата до нашата редакација.
Ние изразвме длабоко длабоко жалење за тоа што се случувало со депортираните од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија кои трагично го завршуваат својот живот во концетрационите логори на нацистите-рекол Ковачев во ЕП.
Добро е што Ковачев конечно призна дека Германиа и Бугарија ја окупирале Македонија во Втората светска војна и жалат за она што се случило со Евреите.
Денеска цел ден трае преписка меѓу кабинетот на Ковачев и редакцијата на „Република“. На нашето љубезно барање целата содржина да ни биде преведена на македонски јазик за точно да разбереме за што се работи, добивме циничен одговор на нашиот мejл.
Ова е само уште еден доказ дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни јазици и дека јазичната бариера е навистина проблем.На Македонците бугарскиот јазик им далечен исто како што на Бугарите македонскиот.
Па, Г-дине Ковачев ви благодариме што читате „Република“ на македонски јазик.
Comments are closed for this post.