Бранителите на Никола Груевски поднеле иницијатива за испитување на уставноста на членови од Кривичниот законик врз основа на кои се терети поранешниот премиер од редовите на Фамилијата. Со иницијатива до Уставниот суд се обидуваат да ја оспорат уставноста на Кривичниот законик, односно членот 353 став 5, кој се однесува на злоупотреба на службена должност, тврди пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ.
Иницијативатакако што вели Костадинов има за цел одговорноста за неправилностите во јавните набавки да се префрли врз Комисијата за јавни набавки, а со тоа Груевски и неговите соработници, да бидат ослободени од одговорност.
Истовремено, се бара предметите што се водат во моментов а се однесуваат на кривичните дела поврзани со Злоупотреба на службената положба и овластување, да бидат запрени се додека Уставниот суд не се произнесе. Ова не е ништо друго освен последен, јалов, очајнички и правно неписмен обид за амнестија на Никола Груевски и неговите соработници, истакна Костадинов.
Тој порача дека претходно и сегашно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, треба да знаат дека амнестија нема да има.
Comments are closed for this post.