Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се труди да наметне перцепција во јавноста дека скандалот „Рекет” е сличен со 11- годишниот пустош на режимот на Груевски и Мицкоски. Не е и никогаш не може да стане! Ние не сме и никогаш нема да бидеме исти, истакна на денешната прес-конференција Костадин Костадинов, портпаролот и пратеник од СДСМ.
Тој порача дека секој кој се огрешил пред законите одговара и ќе одговара и оти никој не бега од правдата.
Разликата е огромна. Правосудните органи ја вршат работата во рамки на своите надлежности ослободени од каков било притисок од извршната власт, што не беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тешко лицемерие е Милошоски да обвинува кој било друг за криминал кога 11 години беше најблизок соработник на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и нивен вистински партиски шеф.
За потсетување, токму Милошоски е дел од предметот „Моќник“ каде постојат основани сомненија за сторена злоупотреба на службената положба и овластување. Додека бегалецот од правдата во Будимпешта си ужива во нелегално стекнатото богатство, оние кои од него се злоупотребени лежат во затвор.
Наместо да бараат оставки и да се занимаваат со опструкции, Мицкоски и Милошоски нека соопштат јавно кои им се вистинските намери и до кога планираат да ја мачат Северна Македонија и нејзинитe граѓани“, истакна Костадинов.
Притоа тој праша до кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрозува евроатланските интеграции за да ги спасува инкриминираните сегашни и поранешни сопартијци? Тој јавно ги повика опозициските пратеници да не го опструираат новиот закон за Јавно обвинителство.
Comments are closed for this post.