Нема правда, нема мир! Од ова начело СДСМ никогаш нема да отстапи. Како што ветивме, до крај ќе се бориме да го вратиме правото и правдата во Република Северна Македонија. Уште еднаш ги охрабруваме и бараме правосудните органи да ги расчистат сите околности околу актуелниот случај, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов по објавувањето на снимката од страна на италијанскиот весник  La Verità .

„Истрагата бараме да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој се е вклучен во овој криминал и од кои се предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси. Никој не е заштитен и никој не е и нема да биде поштеден во Република Северна Македонија“, вели Костадинов.

Според него се што се случува па дури и објавувањето на денешната снимка е дел од однапред подготвено сценарио.

„Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија. Убедени сме дека на крајот вистината ќе излезе на виделина. Ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечив спас од истата. Напротив, уверени сме дека овие подземни обиди само ќе ја забрзаат истрагата и ќе ја интевизираат, и ќе ги извадат на површина сите актери и учесници во случајот Рекет. Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ, многу јасно и гласно го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги?“, вели Костадинов.