Пратеникот и портпарол на СДСМ денес одговараше на новинарски прашања. На прашање дали СДСМ ќе се огради од Катица Јанева која наводно е нивни член за што има и уплатница од 31 јули 2015 година и дали ќе се оградат од тие што се користеле со рекет, тој рече дека од Јавното обвинителство не е отворена постапка против обвиниелката.
„Имаме отворена постапка и е одредена мерка притвор од 30 дена за две лица, кое што заради заштита на пресумпцијата на невиност и самото обвинителство, Јавното обвинителство и сите политички чинители не спомнуваа ниту имиња, ниту презимиња.Во таа смисла ние ги охрабруваме надлежните институции темелно да расчистат и да го расветлат случајот и апсолутно наш принципиелен став, на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е дека сите, без исклучок сме еднакви пред законите.Нека го расветлат случајот, доколку се утврди одговорност, од било кого за овој случај, но и за сите други случаи, одговорност мора да има. Само на тој начин, ќе ја вратиме правдата и ќе имаме правна држава.Ќе повторам, без исклучок, правдата, правната држава немаат ниту име, ниту презиме.Станува збор за систем. Токму тој систем, токму отварањето на овој случај од страна на обвинителството е доказ дека системот функционира, дека системот е неселективен.Тоа може да ни гарантира нам и секако и најважно, на граѓаните на Република Северна Македонија дека правда и правичност има и ќе има“, одговори Костадинов.
Опозицијата го нарече овој случај ‘Oктопод’ и смета дека дел од пипците зафаќаат и во редовите на ваши високи функционери и дел од медиумите веќе пишуваат, дури и именуваат двајца пратеници дека се вовлечени во овој случај. Дали вие во партијата превземате нешто, имате такви сознанија, ќе се обидете да расчистите, институционалниот начин е едниот, најважниот, но дали во партијата правите нешто?
-Се додека во постапка не се докаже одговорност на одредени индивидуи, ние нема да превземеме. Во случај, да во транспарентна постапка се утврди одговорност од било кој, макар тоа било дел, член на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, секако како одговорна политичка партија, ќе се оградиме и ќе превземеме мерки, согласно Статутот на СДСМ. Од друга страна, кога зборуваме за октоподи, ред би било и Христијан Мицкоски да одговори за криминалниот октопод, за кој се отворени поприлично голем број судски постапки. Зошто тој не се огради од криминалниот октопод на ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.
Comments are closed for this post.