Дали тоа што бил советник за енергетика на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот пион Мицкоски?, праша Костадинов
Очигледно има причини поради кои Мицкоски посветено ги следи погубните, криминални политики на неговиот ментор Груевски, а преку кои нанесува штета на државните и национални интереси. Очигледно Мицкоски е дел од криминалите на Груевски и затоа по секоја цена тој и раководството на партијата се обидуваат да ја закочат иднината на Македонија и да ја вратат во изолација и неизвесност. Ова е уште една причина преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО, изјави Костадинов
Comments are closed for this post.