Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов обвини дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, повторно го бранеле Никола Груевски.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитетни прашања не гласаа за одземање на мадатот на Никола Груевски. Се потврди она што цело време го говориме, Христијан Мицкоски е само пион во рацете на Груевски. Граѓаните видоа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не си ги почитуваат ниту сопствените одлуки. А не поминаа ниту 24 часа. Ова покажува дека одлуките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго туку лицемерни одлуки кои во суштина се сведуваат само на лажни вести“, рече Костадинов.
Според него во намерата да го одбранат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска тврделе дека бегството од кривична одговорност на Груевски е оправдано отсуство.
На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните, која ќе се бори за правда и нема да брани криминал“, рече Костадинов.
Тој ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница да гласаат за одземање на мандатот на Груевски.
Comments are closed for this post.