Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невена Стаменковска на денешната седница на која се расправаше за одземање на мандатот на Никола Груевски нагласи дека поранешниот премиер не е бегалец како што пратениците од СДСМ милуваат да кажат.

Тоа е лице што има добиено политички азил од земја членка на Европската унија, во земја каде што многу повеќе се почитуваат човековите права и слободи отколку во Република Македонија-објасни пратеничката.