Кој е контраверзниот либијски тајкун со кој Заев договарал бизниси и кој перел пари во Малта- од милионер до човек кој раководи со црните фондови на Гадафи

Шаукат Али Гафур е милионер кој доаѓа од Либија. Сопственик на безброј оф-шор компании, но и црни фондови. Политико.еу го врзува како човек кој влече пари од замрзнатите фондови на Гадафи во земјите во Европската Унија за што има и посебна истрага.

(Оригиналниот текст на следниот линк)

Тие излегоа со прецизна анализа – каде се правени исплати од замрзнатите сметки на Гадафи од сметки од Брисел на банкарски сметки во Луксембург и Бахреин. Таквите исплати најчесто оделе преку државниот фонд Libyan Investment Authority (LIA) а дел од структурите на овој фонд завршуваат и во Малта каде оперира токму пријателот на Заев, либиецот Шакур.

Шаукат Али Гафур во Малта настапува откако стекнува пријателство со екс премиерот Џозев Мускат. Тој влегува во партнерство со државата од која испумпуваат пари кои завршуваат во компаниите на Гафур во странство.

Скандалот со болниците се дознава кон крајот на минатата година по што медиумите во Малта пишуваа за блиските врски на премиерот на Малта кој делува како посредник во бизнисите на Шаукат.

Шаукат Гафур со шефот на обезбедувањето на Мускат

Пријателот на Заев, премиерот на Малта, Џозев Мускат, e соборен од позицијата поради вмешаност во атентат на новинарка и перење на пари по што е прогласен за криминалец на годината

Џозев Мускат беше директно посочен за одговорен за убиството на новинарката во Малта која пишуваше за криминалите на власта, Дафне Каруана Галиција.

Најпрво во номеври 2019 година беше уапсен поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта, Кит Шембри во рамките на истрагата за убиството на новинарката Галиција кое инаку се случи во 2017 година. Со своите најнови откритија, таа посочи со прст на премиерот Џозеф Мускат и двајцата негови најблиски соработници, поврзувајќи ја оф-шор компанијата, со која тројцата се поврзани, со продажбата на малтешки пасоши и исплата од владата на Азербејџан.


Во изминативе две години во извештаите главно се фокусираше на откривањето на т.н. „панамски документи“, односно 11,5 милиони документи што протекоа од внатрешната база на податоци од четвртата најголема офшор правна фирма во светот Мосак Фонсека.
Проектот за известување за организираниот криминал и корупцијата (ОЦЦРП) го избра пријателот на Заев, премиерот на Малта Џозеф Мускат за „криминалец на годината“. Главните фактори кои влијаеле врз одлуката се убиството на новинарката, матните офшор зделки и тоа што медитеранската државичка се најде во канџите на криминални интереси од голем обем, соопшти ОЦЦРП.

Мускат овој јануари си поднесе оставка по масовните протести во Малта