Пред два дена албанските медиуми отворија нова афера која следеше по низата скандали во Малта. Тие пишуваат за постоење на тајни средби во Малта помеѓу малтешкиот премиер Џозеф Мускат, македонскиот Зоран Заев и контраверзниот тајкун Шаукат Али Гафур од Либија кои се случиле во септември оваа година, а на кој се зборело за влез во Македонија и партнерство со државата во македонското здравство на контраверзниот бизнисмен со либијско потекло.

Али Гафур работи според однапред утврдена шема каде државата учествува во приватното партнерство со одредена сума, се додека таа не се испумпа надвор од државата по што основаните компании банкотираат, што и се случи во Малта поради што има обемна истрага.

За неколку месеци од потпишувањето за превземање на малтешките болници од компанијата „VGH“, купена од компанијата на Али Гафур банкротирала во Малта. Иако биле ветувани 7 милијари евра инвестициски пакет, банкротот се случил откако државата инвестирала во проектот 51 милион евра. Корумпираниот договор води директно до врвот на малтешката влада. Концесијата од милијарди евра била купена од компанијата „Стјуард“ за 1 евро и тие веднаш потпишале друг Меморандум за разбирање со Црна Гора, а Меморандумот за разбирање со Албанија останал во сила. Либиецот Шаукат Али Гафур бил во контакт преку премиерот Мускат и со тогашниот македонски премиер Зоран Заев.

Инаку Зоран Заев има најмалку две официјални средби со премиерот Мускат. Првата е на 14 ноември 2018 година во Скопје.

Заев со министерот за здравство, Филипче, во посета на Малта

Додека втората е во септември 2019 година во Малта кога и се случила споменуваната тајна средба помеѓу Малтешкиот премиер Мускат, Зоран Заев и тајкунот Шаукат Али Гафур.

Интересно е што при посетата на Малта во делегацијата е и министерот за здравство Венко Филипче што само ги зголемува сомневањата дека во Малта се случила споменуваната тајна средба на која се разговарало за контраверзниот бизнис.

Инаку Владата на Заев по официјалната средба испрати само во штуро соопштение каде напиша дека во фокус била темата здравство, без да посочи некои поголеми детали.

„На средбата помеѓу премиерот Заев и Мускат се разговараше за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња, меѓу коишто, посебен фокус беше ставен на унапредување на соработката во областа на здравството. За таа цел од страна на премиерот на Малта, Мускат, е упатена покана за министерска посета од Владата на Република Македонија во Република Малта, со цел да се разменат искуства во овие области и да се разгледаат начините на соработка“ стои во владиното соопштение.