За денеска во 11 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче. На неа се очекува тој да информира за проценките на Комисијата за заразни болести за евентуално нови мерки со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Комисијата за заразни болести, како што е најавено, треба да одржи состанок на кој ќе ја разгледа епидемиолошката состојба во земјава.
На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не, изјави вчера министерот Филипче дадена вчера.
Како резултат на зголемениот број на новопријавени и хоспитализирани случаи на Ковид-19 во земјава е воведен полициски час до 22 март, што важи од 22 часот до 5 часот наутро.
Comments are closed for this post.