Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања, утре и задутре во Скопје ќе го одржи вториот состанок, соопштуваат од грчкото МНР.

Заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис кој воедно е и на чело на комисијата од грчка страна, утре и задутре (22 и 23 март) ќе биде во Скопје, а ќе присуства и на приемот што го организира грчката Канцеларија за врски по повод 25 март, националниот празник на Грција.

Првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се одржа во Солун, на 2 ноември минатата година.

Од министерството за надворешни работи на Грција соопштуваат дека грчката делегација што учествува во комитетот ја сочинуваат професорите Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и советникот од грчкото МНР, Ефтимиос Харлавтис.

Македонскиот тим го предводи амбасадорот Виктор Габер, а во негов состав се и професорите Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе, се членовите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања.