Комисијата за уставни измени ја заврши својата работа. Со само три дена расправа усвоени се четирите амадмани како и уставниот закон со што веќе нема никакви пречки уставните измени да одат на пленарна седница.
Комисијата денеска прифати три предлог амадмани кои се однесуваат за државјанството, ратификацијата на протоколот за НАТО и амадман со кој во Уставот ќе се воведе дека и Косово е наша соседна земја.
Во државјанствата ќе остане формулацијата Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија, но со дообјаснување дека со него ниту се определува, ниту се предодредува етничката припадност.
Откако Комисијата за уставни прашања ја заврши својата работа, сега следува третата, финална фаза на промена на Уставот за што да бидат изгласани ќе требаат 80 гласови на пратениците.
Расправата треба да започне веднаш по Божик, а најдоцна може да трае до 17 јануари.Ако измените го добијат потребното мнозинство целиот процес се сели во грчкиот парламент.
Comments are closed for this post.