Поранешниот пратеник и висок функционер на ДУИ, Хајрула Мисини  информира дека од денеска тој веќе не е член на оваа партија.

Почитувани граѓани, јас сум шокиран и очаен … Ја информирам јавноста дека од денес не сум член на Демократската унија за интеграција и која било политичка партија. Исто така, им се заблагодарувам на сите оние со кои сум соработувал цело време додека бев дел од раководството на Демократската унија за интеграција! – вели Мисини во неговата пишана изјава, пренесува весникот „Лајм“.

Хајрула Мисини два мандата беше пратеник на ДУИ а во 2001 година бил дел од ,,УЧК”, со прекарот командант Шпати.