Срѓан Лалиќ, заштитен сведок во случајот против Веља невоља отри дека и лица од Македонија користеле телфони со апликацијата „Скај“ која е шифрирана и е речиси невозможно да се открие. Сепак по апсењето на кланот, со помош на француската полиција комуникацијата преку „Скај“ беше пробиена и излезе содржината на разговорите.
Лалиќ на вчерашното рочиште објасни дек прв пат добил „Скај“ пред убиството на шините од Беливук и по убиството го уништил. Од 2018 година станал дистрибутер за оваа апликација.
Преку официјалната веб-страница на „Скај“ поднесов барање да бидам дистрибутер, односно партнер. Стапив во контакт со раководството на „скај“, разменивме пин-кодови и комунициравме преку скај – изјави Лалиќ.
Цената на „Скај“ била 1.100 евра за шест месеци, 600 евра за три месеци.
– Во еден момент бев претставник за Балканот, имав неколку агенти. Илија Ковачевиќ, Balkan Sky соработуваше со мене за Белград – изјави тој и рече дека има мрежа во Хрватска, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, Словенија, Германија и Македонија.
Comments are closed for this post.