Американскиот специјален пратеник Џејмс Рубин, поранешен дипломат, портпарол на Стејт департментот за време на Бил Клинтон и „десна рака“ на американската државна секретарка Медлин Олбрајт, oд денеска е во посета на Западен Балкан меѓи кои и Скопје.
Тој доаѓа првпат по 23 години во регионот, а тема на посетата ќе биде влијанието на Русија, но и прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина. спроведувањето на договорите постигнати во Брисел и Охрид,као и борбата со дезинформациите..
Рубин смета дека ова е „време на голема надеж на Балканот“ и да се стави крај на конфликтите, но, оти ќе биде исклучително тешко.
Тој е поранешен американски дипломат и новинар, а на јавноста и е најпознат како помошник државен секретар на САД за односи со јавноста во администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон од 1997 до 2000 година. Тој беше и главен портпарол на Стејт департментот и десна рака на секретарката Медлин Олбрајт.
По заминувањето на Клинтон, тој се пресели во Лондон и работеше како визитинг професор по меѓународни односи на Лондонската школа за економија. Тој беше член и на предизборниот тим на Хилари Клинтон во 2008 година, а потоа отиде во медиумската куќа „Блумберг“.
Неодамна направи кам-бек во Стејт департментот откако државниот секретар Ентони Блинкен го назначи за специјален пратеник и координатор на Центарот за глобални прашања.
Тој беше оженет со главниот меѓународен дописник и водител на CNN, Кристијан Аманпур со која има син.
Comments are closed for this post.