Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да бидедоставен во Собарнието, нагласи  вчера Шекеринска. Оваа нејзина изјава доаѓа откако на седницата на Централниот одбор на СДСМ во неделата беше одлучено да не се оди на предвремени избори туку на реконтрукција на владата бидејќи вестите од Германија биле охрабрувачки, односно дека добиле ветување дека наесен Македонија ќе почне преговори со ЕУ.

Засега само е јасно дека метлата нема да ги зафати жените во Владата, додека сите други опции се отворени. Заев најави дека ќе смени не повеќе од осум министри за да не биде потребно да се гласа за нова влада.

Поверојатно е дека смените ќе бидат кај министри од СДСМ, додека поголеми потреси кај албанските партнери не се очекуваат и оти се можни само рокади на министерства.