Предлог измените и дополнувањата законите што влегоа во собраниска процедура имаат за цел унапредување на ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата, тврдат од СДСМ, додавајќи дека „коридорите 8 и 10 Д се од национален интерес со што нашата држава конечно ќе стане вистинска балканска крстосница“.

Со измените на предвидените закони, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите, туку и за сите идни национални и стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д. Оттаму, важно е сите пратеници да ги поддржат измените и дополнувањата, тие да бидат донесени побрзо за делниците да бидат изградени побрзо и поевтино, велат од СДСМ.

Од ДУИ, пак, излегуваат со соопштение дека „коалиционата блокада на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Собранието на сите закони и постапки е суштествено антиЕвропска, антиНАТО и антиАмериканска“.

ВМРО ДПМНЕ и Левица активно и намерно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции. Да повториме: Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициона банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8. Истовремено, ВМРО работеше активно против Преспанскиот договор и членството во НАТО, не даде поддршка за референдумот како што вропчем делува и против Добрососедскиот договор или и Охридскиот Договор преку отпорот кон Законот за Јазици, велат од ДУИ.

Додаваат дека ги поддржуваат петте закони во Собрание и активно ќе работат на нивно усвојување „за побрза и поефтина изградба на автопатиштата“ и дека се залагаат за уставни измени и „продолжување на европскиот пат на земјата преку национален консензус и општествено помирување“.

ВМРО и Левица се извор на лажни вести и пропаганда. Никаде во законот за работни односи не се споменува 60 часа работно време. Сите досегашни тврдења на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и Левица се потврдија како ЛАЖНИ! ДУИ нема да дозволи ВМРО и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба. Заложништвото на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и Левица ЗАВРШИ!, велат од ДУИ.