Грција покажа дека е парламентарна демократија, па така на барање на еден член на парламентот, министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, до законодавниот дом го достави списокот на двата тима кои ќе се занимаваат со учебниците по историја. Официјално двата тима имаат назив Заеднички интердсциплинарен комитет на експерти од Грција и од ПЈРМ, објавуваат грчки медиуми.
Се пренесува дека учебниците „ќе бидат базирани на автентични, документирани и научно засновани историски извори и археолошки наоди“. Двете земји се еднакви во Комитетот (или комисија) и секоја има по седум членови.
Во грчкиот тим се: Маркос Болари. државен секретар во МНР и тој е претседател на грчката страна, потоа Спирдон Спета, професор по историја и археологија од Солун, Николаос Зико, професор кој се занимава со славистика, Александра Јоаниду, експерт за руски јазик и студии по славистика, Јаковос Михалидис, експет под археологија и тој е од солунскиот универизтет Аристотел, Ефтиму Харлфлати, советник во Директоратот за земјите од Југоситочна Европа и Атанасиос Лупас, докторанд на Универзитетот Аристотел.
Според списокот на Козијас во македонскиот тим се: амабсадорот (во пензија) Виктор Габер, проф. Далибор Јовановски, проф. Никос Чаусидис, проф. Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, проф. Фахри Рамадани и проф. Кица Колбе.
Оваа композиција која тргна со работа, и покрај тоа што преспанскиот договор не го помина тестот на референдумот, е јасно дека има за цел да ја словензира македонската историја и таа да се преточи во учебниците. Децата уште од мали нозе ќе треба да го учат „хеленскиот карактер“ на Македонците, а нив може да ги спаси само оралната историја.
Ако се читаат постовите на интернет кои дел од македонската комисија ги објавуваа во изминативе месеци, како и нивни колумни, јасно е во која насока ќе оди целиот процес.
Прашање за милион долари е како сите наведени експерти во Република Македонија (па, и на целата територија на географска Македонија) ќе пронајдат остатоци од словенска култура и за тоа ќе обезбедат археолошки, научни и секакви други факти и артефакти?!
Comments are closed for this post.