Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц. Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа, рече Коѕијас, одговарајќи на прашањето што тој ќе направеше доколку се уште беше министер.
Тој додаде дека две работи се важни во Договорот од Преспа и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна.
За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа, рече Коѕијас и додаде дека второто е да се промени членот 49 во македонскиот Устав.
Поранешниот шеф на грчката дипломатија во друг дел од интервјуто рече дека во изјавите на Заев, тој не нашол нешто што има врска со македонско малцинство, но констатирал дека во однос на јазикот има прекршување на два параграфа.
Коментирајќи го ставот на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека Заев со изјавата ја отворил Пандорината кутија, Коѕијас рече дека опозицијата не треба да се води по толкувањата дадени од Скопје.
Постои меѓународен договор што се уште не е ратификуван. Што значи дека не постои. Се наоѓаме во процес на ратификација. Не е добро опозицијата да ги прифаќа толкувањата што ги дава некој или некои во Скопје, бидејќи битката е и за да составиш договор, но и за да го толкуваш, рече поранешниот шеф на грчката дипломатија.
Коѕијас во интервјуто за ТВ Антена изрази сигурност дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, а за ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, истакна дека не рекол дека ќе ја турне владата, „бидејќи знае дека не може“ и додаде дека според него, Каменос е „последниот што би сакал да има избори бидејќи можеби нема одново да биде избран“.
Во однос на протерувањето на руските дипломати од Грција, Коѕијас рече дека бил повикан од грчкиот премиер и неговите соработници и му било соопштена одлуката за протерување. ср/сд/
Comments are closed for this post.