Европската унија не сака да коментира за тоа кога би се одржале предвремените избори во Македонија ниту пак за формирањето на новата Влада.
Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија, на прашање на „Пресинг ТВ“, за честите промени на ставовите на премиерот Заев за тоа дали ќе има избори, објаснува дека ЕУ целосно го поддржува Договорот од Пржино и оти тој бил подржан од сите партии, без разлика дали тие биле на власт или во опозиција.
Ние нема да шпекулираме за претстојните предвремени избори или за процесот на формирање на владата. ЕУ го олесни и го поддржува спроведувањето на договорот од Пржино. Овој договор беше неопходен за надминување на сериозната политичка криза, кој произлезе од лошите постапки и недостатоци на владеењето на правото, откриени во нелегалните прислушувања. Овој договор беше за утврдување одговорност и беше поддржан од сите политички партии, без оглед дали тие биле во власт или во опозиција-вели Коцијанчич за „Пресинг ТВ“.
Comments are closed for this post.