Контуинираниот раст на ковид позитивни во струмичкиот регион предизвика да се наполни инфективното одделение во струмичката болница.
Таму во моментов се хоспитализирани 20 пациети со ковид 19 додека уште толку се на дневна болница. Директорката на болницата Катерина Кузмановска вели дека секојдневно расте притисокот од ковид пациенти кои бараат лекарска грижа а на инфективно речиси сите пациенти се со кислородна подршка.
Според Кузмановска 90 одсто од хоспитализираните пациенти во Струмица не се вакцинирани. Не се исклучува можноста ако продолжи притисокот да се отвори и модуларната ковид болница која има капацитет од 34 легла.
Таа подвлече дека засега проблем е медицинскито персонал кој се реорагнизира заради неколку позитивни лекари и медицински сестри. Во Струмичко спопред псоледните ифнормации има околу 450 ковид пзоитивни.
Comments are closed for this post.