Предлог законот за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура. Откако премиерот Заев го презентираше се очекува жестока расправа меѓу пратениците. Законот предвидува СЈО да се припови во ново обинителство за организиран криминал и висока корупција и да го води обвинителката Вилма Рускоска.
За ВМРО-ДПМНЕ предлогот е делумно прифатлив. Тие се согласуваат СЈО да се припои во ново обвинителство но не ја сакаат Рускоска за обвинител.
ДУИ е на став дека за тоа кој ќе застане на чело на ова обвинителство треба да одлучи
Советот на јавни обвинители а не политичарите. Законот ќе го поддржи и БЕСА, но под услов претходно да се договори датум за предвремени избори.
За да се изгласа законот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници.
Comments are closed for this post.