Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца сведоци, предложени од одбраната на Миле Јанакиески, по што ќе бидат изведени материјални докази, меѓу кои и видео материјали од системот Смарт сити.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“