Министерството за правда деновиве ќе испрати барање до Будимпешта за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како обвинет за случувањата во Собранието пред две години, изјави во понеделникот министерката за правда, Рената Дескоска.

Целокупното досие од судот и обвинителството ни стигнаа кон крајот на минатата недела, деновиве тоа ќе биде пратено до Будимпешта“, рече Дескоска.

Интерпол уште ја нема објавено меѓународната потерница за Груевски за 27-ми април. Министерството и претходно бараше Груевски да биде испорачан како осудено лице во случајот „Тенк“, но Унгарија одби да го екстрадира Груевски кој доби азил таму.

Против Груевски сега е покренато обвинение во кое се товари за организација на споменатите настани во парламентот.