Алијансата за Албанците најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за амнестија. Со ова се доведува во прашање импементацијата на законот кој предизвика многу поделени мислења, а згора на тоа допрва го чека потписот на претседателот Иванов.

Од Алијансата велат дека со Законот ќе бидат амнестирани  луѓе директно вмешани во настаните од 27 април и затоа се во процедура за покренување постапка за оценување на уставноста на овој закон.

Нивниот лидер Зијадин Села беше еден од тепаните во Собранието и тој изјави дека е разочаран и оти симболично сега го убиле по вторпат.

Законот се однесува на амнестија на обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април. Според тоа, нема да бидат амнестирано организаторите и подготвувачите на нападот, оние кои извршиле насилство, оние кои носеле фантомки и оружје.

Дел од обинетите се уште размислуваат дали ќе поднесат барање за амнестија или пак ќе продолжат со постапката и на суд да ја докажуваат својата невиност.