Не може да не се почувствува бесот кај нас, ситуацијата е лоша, најлошо е да се бега од реалноста. Ова со вакцинацијата не ми оди во памет, каде се затајуваме како земја, за тоа треба да се разговара, истакна Емил Кирјас, политички аналитичар во Студио 10 на ТВ24.
Имаме граѓани кои чекаат ред да отидат во соседна земја за да се вакцинираат. Не може никој да не преземе одговорност. Кога некој ќе згреши во Европа, во светот – си оди од функција. Не сакам да влечам паралели од минатото, но мора да се извлекува искуство. Мора да сте доследни за да можат граѓаните да ви веруваат. Револтот на граѓаните се казнува на избори. Имаме колективно лудило, не знам граѓаните како ќе го издржат сето ова, истакна тој.
Comments are closed for this post.