Ние работиме на анализа на документи, кои ни биле достапни и кои ни ги испратиле институциите каде биле спроведени вработувањата, вели за Пресинг Тв, претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.
Три од девете предмети за кои антикорупционерите на последната седница утврдија креирање на нови работни места за блиски роднини на политички функционери на високи позиции се однесуваа на Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ, пратеник и шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Тој во СМС порака за Истражувачката репортерска лабораторија, по седницата на антикорупционерите, веројатно се уште не запознат со одлуките, одговори дека не размислува за оставка.
Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешно е“, напишал тој во пораката.
Пресинг Тв, по неуспешниот обид за телефонски разговор, на Кирацовски исто му упати СМС порака со прашање-Дали останувате на одлуката дека нема да поднесете оставка по седницата на Антикорупциска?
Но, одговор се уште не добивме.
На синоќешната трибина во Прилеп, по седницата на антикорупционерите, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, меѓу другото изјави:
Директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите, што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување.
Врз основа на добиените документи, антикорупционерите утврдија дека и Централниот регистар на РСМ, и АД ЕЛЕМ-ФОД ДООЕЛ Новаци, и Државниот училишен дом „Мирка Гинова“ во Битола креирале нови работни места за вработување токму на сопругата, дедото и бабата на Кирацовски. Но, тој сега бега и од одговори и од одговорност, со што директно ги пушта „низ вода“ директорите на институциите во кои се вработени негови најблиски роднини.
Comments are closed for this post.