На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатури за претседател на државата до Државната изборна комисија (ДИК).

Досега четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните поднеле кандидатура до ДИК – актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата на албанската опозиција Вреди.

Потписи за кандидатура за претседател собраа и Гордана Силјановска Давкова, која е поддржана и со пратенички потписи од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Билјана Ванковска поддржана од Левица и Бујар Османи, поддржан од ДУИ.

 Електронското гласаење на изборите но и продолжување на часот за гласање на изборниот ден се добри за разгледување, доколку и опозицијата се согласи за тавиот начин на избори, порача вечерва

Кандидатурите треба да бидат потврдени од членовите на ДИК и тогаш тие и официјално ќе станат претседателски кандидати.

Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април.

Неколку часа откако актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вчера ја потврди кандидатурата за претседател пред Државната изборна комисија, американскиот Стејт департмент соопшти дека поради вмешаноста во значителна корупција именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и Јакимовски.