Уште кон средината на декември минатата година скопска Апелација им ги преполовила казните од 1.000 на 500 евра на групата од 35 адвокати, кои ги бранат обвинетите за собраниските настани од 27 април, што на 16 октомври им ги изрече судијката Добрила Кацарска.
За потсетување, адвокатите тогаш демонстративно излегоа пред судот и во групна изјава ја обвинија Кацарска за кршење на правата на обвинетите, како и на нивните права, и најавија дека ќе преземат мерки за постапката на судијката. Тие беа казнети затоа што се побунија дека немаат услови за работа во старата зграда на Кривичниот суд, откако претходно постапката се одвиваше во новата зграда на Судот. Причините за тоа беа од техничка природа, зашто, наводно, во новиот објект не можел доволно добро да се мутира гласот на обезбедениот загрозен сведок.
Судијката Кацарска тогаш на нивно место ангажираше други адвокати по службена должност, па на следното рочиште се покавија и „службените“ и адвокатите редовно ангажирани од обвинетите.
Comments are closed for this post.