Јавниот обвинител Љубомир Јовески реши да се фати за работа. Откако од ЕУ стигнаа критиките за работата на судството и посебно по ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, тој реши да ги „размрда“ локалните обвинителства.

Републичкото јавно обвинителство врши контроли во струшкото и во битолското обвинителство за предметите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

 

Што би рекле Србите „Касно Љубо стиже на Косово“. Ова е добар ама задоцнет потег за да се покаже дека нешто се работи.

Од Обвинителството минатата недела информираа дека против Мерко се активни шест предмети од кои најголемиот дел се за злоупотреба на службената положба и овластувања. Мерко го тужат здруженија на граѓани, адвокати, Управата за финансиска полиција.

Кога сме кај Јовески, како не се сети да се откаже од намерата по секоја цена од тоа да стане уставен судија и со тоа да даде придонес за колку-толку ублажување на лошата слика за правосудството во земјата-кандидат за ЕУ.